ВИДЕО: ВМРО -ДПМНЕ со нови сознанија за злоупотреби на Димова, го прозваа и министерот Маричиќ

Лидија Димова мора веднаш да си даде оставка од позицијата Директор на Националната агенција, бидејќи заглавена е во сомнеж за криминал до гуша, повика ВМРО-ДПМНЕ поставувајќи неколку прашања во врска со проект кој е доделен на средно општинско училиште „Коле Нехтенин“ од Штип, во вредност од над 54.000 евра, за едукација за туризам на Кипар.

– Дали за овој проект кој што го споменав претходно во вредност од 54.000 евра, главен протеже да го добие ова училиште во Националната агенција била Претседателката на Управниот одбор во истата агенција, Маринела Тушева, инаку сопруга на министерот за правда, Бојан Маричиќ?           Бидејќи, прва братучедка на Маринела Тушева е Јулијана Саздова, наставник вработен во средното општинско училиште „Коле Нехтенин“ кое го добило проектот, додека пак нејзиниот татко, а вујко на Маринела Тушева е Нако Ташков, инаку член на училишниот одбор во училиштето. Дали Маринела Тушева помогнала да го добие проектот училиштето во кое работи нејзината прва братучедка и нејзиниот вујко е член на училишниот одбор? Дали има одлуки на наставнички совет, училишен одбор и Управен одбор за подготовка на апликацијата и реализација на истиот проект за кој се побарувани парите? Дали поминала одлуката на гласање на некое од овие тела кои што ги споменав? Потребно е да се направи  План за посебна проектна сметка во буџетот на училиштето, преку која ќе се реализира овој проект, па така дали има таква сметка во училиштето? Дали воопшто некој знае за овие средства дека влегле во училиштето?, праша Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Последното прашање кое Арсовски го постави е „на чии сметки завршиле овие пари, односно кој е финалниот извештај, и дали ќе може да биде објавен од страна на Националната агенција и училиштето за да се отстранат сите сомнежи?“

-Па така, ако сеуште не ви е јасно од каде и е силата на Лидија Димова и зошто се уште не е променета и разрешена од директор на институцијата, од страна на Управниот одбор на Агенцијата кој го води Маринела Тушева, одговорот може да го добиете во оваа прес конференција, нагласи Арсовски.

Владата денеска ќе го разгледува разрешувањето на Димова, Заев ќе го поддржи предлогот

Димова: Информацијата за грант на фризерница е замајување на јавноста, фотографиите се монтажа

Димова: Нема да дадам оставка додека не се открие каде се проневерени 2.2 милиони евра европски пари

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот