ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ слави во Охрид, Кирил Пецаков тврди дека има водство од 2.000 гласа по првиот круг

Кирил Пецаков рече дека по првиот круг, водството пред СДСМ изнесува 2.000 гласа, додека по вториот круг, таа разлика ќе биде 4.000 гласа.

Стотици членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ вечерва прославуваат на плоштадот во Охрид, откако партијата објави дека нејзиниот кандидат Кирил Пецаков победил во првиот круг на изборите за градоначалник.

„Сите кои живеат во Охрид недвосмислено ја испраќаат поддршката за ВМРО-ДПМНЕ“, рече Пецаков пред изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека разликата меѓу него и противкандидатот, актуелниот градоначалник Константин Георгиевски е „огромна“.

Тој рече дека по првиот круг, водството пред СДСМ изнесува 2.000 гласа, додека по вториот круг, таа разлика ќе биде 4.000 гласа.

Според официјалните податоци од ДИК, до 23 часот се преброени околу 25 отсто од гласовите, од кои Пецаков има освоено 3.835, додека Георгиевски освоил 2.955.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот