ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ слави со зурли и тапани пред „Белата палата“

Прослава на членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ пред партиското седиште / 17 октомври 2021 / фото: Драган Митревски/Слободен печат

Со зурли и тапани, скандирање „Цело Скопје вмровски град“ и запалени факели, членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред партиското седиште во Скопје, откако партијата прогласи победа во првиот круг на изборите за градоначалници во 16 општини.

Според ВМРО-ДПМНЕ, тие имаат победа во првиот круг во: Прилеп, Кисела Вода, Василево, Кавадарци, Босилово, Кратово, Сопиште, Градско, Новаци, Виница, Пехчево, Могила, Петровец, Карбинци, Илинден и Јегуновце.

Во останатите, најголем дел од општините, партијата тврди дека кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат водство пред СДСМ.

Во овој момент, ВМРО-ДПМНЕ има водство во Велес, Битола, Штип, Охрид, Кичево, Свети Николе, Аеродром, Ѓорче Петров, Гази Баба и Бутел, велат од партијата.

Прослава на членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ пред партиското седиште / 17 октомври 2021 / фото: Драган Митревски/ Слободен печат
Прослава на членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ пред партиското седиште / 17 октомври 2021 / фото: Драган Митревски/Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот