ВИДЕО | Влатко Стефановски и „Танец“ направија сценски спектакл во Белград

Фото: Фејсбук, „Танец“

Легендарниот македонски гитарист Влатко Стефановски и националниот фолклорен ансамбл на Северна Македонија „Танец“ во неделата ѝ приредија незаборавен сценски спектакл на публиката во Коларчевата задужбина во Белград.

„Првиот ваков заеднички настап го имавме минатата есен во Скопје, после тоа следеа вакви концерти во Охрид, во Битола, фестивалот ЛЕНТ во Марибор во Словенија. Ваквиот настап значи есенција и е најдоброто што можете да го чуете од Северна Македонија. Јас ги пратам „Танец“ уште како дете и верувам дека членовите на ‘Танец’ ме следат и мене и мојот музички пат, така што се сретнавме заедно на мое огромно задоволство, а верувам и на задоволство на публиката“, изјави Влатко Стефановски пред одржување на концертот во Белград.

Присутните на концертот уживаа во интересни комбинации на традиционални нумери од богатиот фолклор на македонската музика, вокали, инструментални нумери и импровизации, со нивна фузија и свртување кон џез музиката.

„Ова е многу добра и исклучителна можност, луѓето од Белград и од поранешните југословенски републики да го доживеат овој проект со Влатко Стефановски, затоа што и ‘Танец’, самиот по себе, и Влатко, самиот по себе, преставуваат еден бисер на македонската култура и задно тие значат многу и за целиот Балкан, со самото тоа што го докажуваат со преполнетите сали, изјави Мартин Вучиќ, директор на „Танец“.

За потребите на за овој проект, ценетиот македонски инструменталист и автор Дамир Имери направи специјални аранжмани за народниот оркестар на „Танец“.

Влатко Стефановски и „Танец“ ги изведоа антологиските ора „Пелистерско“, „Касапско оро“, „Ситна лиса“, „Поступано“, „Калајџиско“, „Пајдушко“ и незаборавните мелодии „Елена, ќерко“, „Јано, мори, севдалино“, кои наидоа на овации кај белградската публика, во која имаше многу Македонци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот