ВИДЕО: Влаховиќ пречекан од навивачите на Јувентус

Душан Влаховиќ ќе ги има медицинските прегледи, па ќе следува официјален потпис со клубот од Торино/Фото: EPA-EFE/CLAUDIO GIOVANNINI

Навивачите на „Старата дама“ го пречекаа своето ново засилување, српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ кој денеска го слави 22 роденден.

Јувентус ја информираше јавноста дека напаѓачот пристигна во Торино и дека треба да ги направи медицинските прегледи пред и официјално биде промовиран како нов играч на клубот.

Влаховиќ покажуваше одлични перформанси во дресот на Фиорентина, од 2018 година запиша 98 настапи и реализираше 44 голови.

За најдобрата српска репрезентација има 14 настапи и седум голови и годинава се очекува да блесне и на Светското првенство во Катар.

Пред да се пресели во Италија, професионалната кариера ја започна во редовите на белградски Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот