Видео: Владата отворена за разговори со цел изнаоѓање решенија за декриминализација на канабисот

Отворени сме во секој момент да разговараме суштински за решенија за декриминализација и депенализација, преку измени во Кривичниот законик и Законот за прекршоци, изјави портпаролот на Владата, Душко Арсовски.

-Потребно е секако да има широка стручна дебата каде што ќе бидат вклучени сите засегнати страни, институции, граѓански здруженија, медицинската фела. Треба да се видат ефектите од користењето, понатаму системот за контролирање, како ќе се контролира и изведе ова. Ова е процес во кој неопходен е ставот на сите. Владата предложи донесување измени и дополнување на Законот за опојни дроги, ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели, со што ќе се поттикнат нови инвестиции и нови работни места- изјави Арсовски.

Тој соопшти дека во овој момент одгледувањето канабис е дозволено само на правни лица кои имаат одобрение за одгледување канабис, издадено од Министерството за здравство, а по претходно добиена согласност од Владата.

Заев најавува дебати за декриминализација на марихуаната

Министерството досега има издадено 55 одобренија на фирми за одгледување канабис за медицински цели, додека 17 имаат поднесено барање кои се на повторен увид во владина процедура.

Се бара декриминализација на канабисот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот