ВИДЕО: Владата не се откажува од ветингот во правосудството, почнати се постапки против 83 судии

Фото: Профимедиа

Владиниот портпарол Душко Арсовски денеска изјави дека Владата не се откажува од најавениот ветинг во правосудството. Годинава, почнати се постапки против 83 судии, а како причини се наведуваат застареност  и несоодветно постапување по предмети и слично.

На прес-конференцијата во Владата, Арсовски појасни дека државата може да даде само времена рамка за овој процес, а самиот процес треба да го завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

– Државата не може да ја направи филтрацијата. Овој процес треба да го завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители. Државата може да даде само временска рамка и начин како тоа да се направи. Според информациите што ги имаме од 2019 до 2020 година само Судскиот совет разреши осум судии, а оваа година се почнати постапки за 83 судии. Причините се застареност на предмети, несоодветно постапување по предмети и слично, рече Арсовски.

Признава дека целиот процес малку изгубил на интензитет поради пандемијата бидејќи дел од судиите се заразени или во само изолација поради контакт со заболен.

– Како и да е, Владата е се откажува од овој процес и тоа ќе биде остварено, порача Арсовски.

Прашан зошто официјалната веб страница на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците е само на албански јазик, владиниот портпарол изјави дека страната е во изработка и оти за многу кусо време ќе биде пуштена во функција и на македонски и на англиски јазик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот