ВИДЕО: Владата го задолжи Филипче да го потпише и имплементира посебниот договор за набавка на лекот ремдесивир

Министерот за здравство Венко Филипче / Скопје, октомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Владата на вчерашната 16. седница ја разледа информацијата за имплементацијата на Рамковниот договор за јавна набавка на лекот ремдесивир прифатен во терапијата за Ковид-19 со постапка за набавка преку Договорот за заеднички набавки склучен со ЕК и обезбедување на финасиски средства.

Владата донесе заклучок да го задолжи министерот за здравство да го потпише и имплементира посебниот договор за јавна набавка на овој лек, согласно обврските преземени од Рамковниот договор, соопшти денеска на прес-конференција портпаролот на Владата Душко Арсовски.

Тој информира дека на вчерашната владина седница се разгледа и усвои и информацијата на МИОА за постапката пред Уставен суд по иницијативата за оценување на уставноста на член 143 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со кои се регулираат авторските прва на програмите кои ги реемеитуваат кабелските оператори.

-Министерството информираше дека е во очекување на одлуката на Уставниот суд по што ќе постапи соодветно со мислењето на судот, рече Арсовски.

Министрите во Владата донесоа одлука за намалување на увозните давачки и царинските стапки на одделни производи и компоненти потребни за производство на технолошко-напредни производи. Во период од една година ќе се намалат на нивото на царинските стапки кои се применуваат при увоз на овие производи во земјите членки на ЕУ со цел да се зголеми извозната конкурентност на домашната индустрија која произведува технолошко-напредни производи.

-Владата изрази несогласување со збирниот извештај за настанатите штети од елементарните непогоди што ги зафатија општините Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе на Комисијата за проценка и утврдувње на висината на штети од елементарни непогоди и донесе одлука членовите да бидат разрешени. Нови членови на Комисијата за проценка и утврдувње на висината на штети од елементарни непогоди ќе бидат именувани на една од наредните седници на Владата, рече Арсовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот