ВИДЕО | Вистинско чудо: Се роди куче со 6 нозе и 2 опашки

twitter/printscreen
twitter/printscreen

Нешто несекојдневно се случило во САД, се родило куче со шест нозе и две опашки во ветеринарниот центар Нил во Оклахома. Самата клиника, а потоа и бројни странски медиуми го објавија настанот на социјалните мрежи.

Шармантното кутре од расата Бордер коли, на кое му го дале името Скипер, преживеало и покрај реалните очекувања, што е „вистинско чудо“, изјавиле ветеринарите кои се грижат за него.


Скипер е роден со комбинирано вродено нарушување, со две карлици, два репродуктивни системи, две опашки, шест нозе и Спина бифида – вродена аномалија во развојот на ‘рбетот и’рбетниот мозок.

Сепак, сите органи и мускули на Скипер реагираат нормално и неговото здравје напредува, со оглед на тоа колку е сложено неговото тело.


Доколку кутрето продолжи успешно да се развива и во иднина, ќе му се обезбеди физиотерапија и помош додека расте како што укажуваат неговите негуватели, кои не исклучуваат дека Скипер може да има нормален и удобен живот.

За жал мајката го одбила Скипер, но ветеринарниот тим не се откажува од малиот борец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот