ВИДЕО | Вистински шок: Купила користен мебел, а во него пронашла писмо во кое се споменува и нејзиното семејство

tiktok/printscreen
tiktok/printscreen

Една Американка била шокирана откако пронашла скриена порака во едно од ноќните орманчиња кои го купила во продавница за половен мебел. Во пораката дури се споменува и нејзиното семејство, поточно телефонскиот број на нејзината мајка и домашниот број на телефон.

Една жена по име Валенсија го објави своето откритие на „ТикТок“.

„Само што се случи најчудната работа, а не го измислувам ова и воопшто не ми е важно колку луѓе ќе коментираат дека сето ова било исценирано. Срцето ми чука. Ова е навистина неверојатно. Денес ги купив овие ноќни орманчиња во продавница за половен мебел и додека ги прегледував фиоките, ја најдов оваа мала стуткана хартија“, вели Валенсија во видеото.

@valenciascaliforniaThe universe is crazy ##foryou ##fyp ##thrifted ##storytime ##crazy♬ Aesthetic – Xilo


Тогаш открила што е напишано на парчето хартија:

„Вели: фиксен број на Карла и број на мобилен телефон на мама. Тоа е бројот на мајка ми и нашиот фиксен телефонски број од пред 15 години. Мојата најмала сестра се вика Карли и тоа е нашиот домашен телефонски број. Поминати се повеќе од десет години како немаме фиксен телефон. Кои се шансите за ова?“, истакнува во видеото Валенсија

Видеото е прегледано над 300 000 пати, а луѓето главно коментираат дека ова откритие за нив е вистинска мистерија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот