ВИДЕО | Вистински херој: Куче спаси жена која сакала да си го одземе животот

unsplash
Фото: Unsplash

Животните играат многу значајна улога во животот на луѓето. Доказ за тоа е и оваа несекојдневна ситуација во која едно куче беше прогласено за херој затоа што помогнало да се спаси жена која сакала да си го одземе животот.

Противпожарната и спасувачка служба „Девон и Сомерсет“ соопшти дека Дигби, куче кое „работи со нив“ во вторникот помогнало да се смири ситуацијата на мост над автопатот „М5“ кај Ексетер, Англија.

Кучето, кое работи со екипите на противпожарната служба ѝ помогнало на жената, која се согласила да соработува со службите за итни случаи по средбата со кучето, пишува „Independent“.

Во серија објави на социјалната мрежа „Твитер“, портпаролот на противпожарната служба изјави дека тимот пристигнал на местото каде полициските преговарачи разговарале со жената и станувале „сè позагрижени“ за ситуацијата.

Некој од противпожарната екипа дошол до идеја да го земе со себе Дигби, нашето „дефузивно“ куче“, велат тие.

Кучето претходно било користено за да помогне во терапевтски разговори за работници кои биле изложени на траума.

Кога пристигна Дигби, младата жена веднаш ја сврте главата да го погледне и се насмевна“, додаде портпаролот.

Ја прашаа дали би сакала да дојде и да се сретне со Дигби ако се врати преку оградата и ние сме среќни да кажеме дека таа го направи тоа“, вели портпаролот.

Службата за противпожарна и спасувачка служба Девон и Сомерсет изјави дека на жената ѝ посакува се најдобро во закрепнувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот