ВИДЕО | „Вистинска грешка или скеч“: Водителка се збуни од својот соговорник во емисија во живо

водителка фокс
Водителка на „Фокс“ вирален хит / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Водителката на „FOX“, Лора Инграхам, стана вирален хит на „Reddit“ и „Twitter“, откако навидум се збуни за време на емисијата во живо од зборовите на гостинот Рејмонд Арој, кој зборуваше за „будноста“ во Холивуд, а притоа ја спомна и мега популарната серија „You“ – „Tи“ во продукција на „Netflix“.

Рејмонд Арој зборуваше за родителите кои одбиле да го вакцинираат своето дете против сипаници, што го потсетило на сцена од споменатата серија.

Гледав една епизода од „You“ каде се појавија сипаници“, рече Аројо.

Инграхам тогаш збунето одговори: –Чекај, чекај, чекај, кога спомнав сипаници?.

Не знам, беше на „You“, рече Аројо.

Чекај, што ми беше мене? За што зборуваш, никогаш не сум имала сипаници, повторно праша таа.

Тоа беше епизода од серија наречена „You“, на „Netflix“, вели Аројо, глумејќи загриженост.

Има серија на „Netflix“ наречена Лора Инграхам?, одговара Инграхам.

Нејзината реакција предизвика бројни коментари на социјалните мрежи, а некои почнаа да дискутираат дали навистина станува збор грешка или е исценирана шега.

-Ова е една од најсмешните работи што сум ги видел на ТВ во живо. Дел од мене одбива да верува дека ова е вистината, пишува еден корисник.

Искрено, се чини дека сè е одглумено, додава друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот