ВИДЕО: Виртус на „крилјата“ на Теодосиќ се враќа во Евролигата

Кошаркарите на Виртус од Италија го освоија Еврокупот и обезбедија „кам-бек“ во Евролигата, откако денеска во финалето ја совладаа Бурса со 80:67.
Бајката на турскиот тим од српскиот тренер Душан Алимпијевиќ, во чиј стручен штаб е Македонецот Мирко Петрески, ја прекина Виртус предводен од Милош Теодосиќ.
Србинот Теодосиќ беше најефикасен во финалниот натпревар со 21 поен, а на спротивната страна Давид Дужински реализираше 14 поени.
Теодосиќ воедно беше прогласен за најдобар играч на финалето во Еврокупот.
Минатата сезона беше МВП во регуларниот дел од сезоната во Еврокупот, а сега е прогласен за најдобар во финалниот меч.
Видео на денот