ВИДЕО | „Вирален хит“: Сопственичка снимила како реагира нејзиното куче секогаш кога ќе ја види дека јаде

куче
Фото: Принтскрин / ТикТок

На социјалните мрежи сопственици на домашни миленици постојано објавуваат интересни видеа. Но, не можеме да не го издвоиме ова видео кое ќе ве освои од прва.

Доколку имате куче, сигурно веќе ви е познато како поминува секој ваш оброк. По автоматизам се инсталира до вас и се надева на вашата милост да вкуси човечка храна.

Овој пат, една корисничка на социјалната мрежа „ТикТок“  ја документирала реакцијата на своето куче што ја прави секогаш кога ќе ја види дека јаде. Секако, погледот веднаш е фиксиран кон неа со очи ширум отворени.

@rhoan_wigglebutt

It’s the trickery at the end for me… #foryou #boburnham #dog #dogsoftiktok #CompleteMyLook #roadtrip #viral #fypシ #australianshepherd

♬ All Eyes On Me – Bo Burnham

 

Тогаш сопственичката му се обратила со зборовите „Ама ти не ни сакаш зеленчук“, но тој не се предал. Навистина се чини дека кучето сакало уште еднаш да се осигура дека не сака зеленчук.

Сопственичката на ова преслатко куче ја сподели целата ситуација со своите следбеници и за кратко време, видеото стана вирално, воодушевувајќи илјадници луѓе ширум светот.

Толку е симпатично, ве молам дајте му нешто да јаде!“, „Како успеваш да му одолееш? Прекрасно е!“, „Моето куче го прави истото, само што понекогаш скока и зема што сака“, беа само дел од коментарите под видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот