ВИДЕО: Виљареал и Атлетико ги поделија бодовите

Дербито во Ла Лига заврши без победник/ фото: EPA-EFE/Domenech Castello

Екипите на Виљареал и Атлетико Мадрид во дербито на 20. коло од Ла Лига на стадионот „Ла Керамика“ одиграа возбудлив натпревар кој заврши 2:2. Шампионот поведе во 10 минута кога Ангел Кореа мајсторски го совлада Рули.

„Жолтата подморница“ во 23. минута имаше одлична шанса да дојде до израмнување, но ударот од белата точка на Жерар Морено го одбрани Јан Облак. На одбиената топка налета Дани Парехо и постигна гол кој беше поништен поради играње со рака.

Сепак, Виљареал дојде до израмнување и тоа шест минути подоцна, а стрелец на голот беше Пау Торес по киксот на Облак.

Домашниот тим во вториот дел направи пресврт и во 58 минута поведе со 2:1 по голот на Алберто Морено. Шампионот од пораз го спаси Конгдобија во 68 минута.
Атлетико Мадрид е четврти со 33 бода, додека Виљареал е осми со 29 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот