ВИДЕО | Виландер: Само му прават „услуга“ на Ѓоковиќ, не треба да го исвиркуваат

фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска „војуваше“ со публиката на мечот против Алехандро Давидович Фокина.

Ѓоковиќ победи, што го однесе во осминафиналето на „Ролан Гарос“, но не му беше лесно, Шпанецот одигра фантастично, а публиката цело време го исвиркуваше, дури и кога му укажуваше помош од физиотерапевт.

– Понекогаш е добро, понекогаш не е. Знам дека луѓето сакаат аутсајдерот да победува. Сакаат драма. Тоа е во ред. Против сум кога не ги почитуваат играчите. Од ништо почнуваат да исвиркуваат, лош удар, свирежи, „двојна грешка“, свирежи. Не знам што им се врти низ глава во тој момент. Повеќето од публиката не се такви. Дојдоа да уживаат. Би сакал поголемиот дел од нив да биде на моја страна, понекогаш тоа не е можно. Кога некој ме провоцира, познато е дека реагирам на неправдата. Денеска саркастично реагирав. Мора да прифатиш, тоа е дел од спортот. Ги почитува сите, но поединци се истакнуваат со своите реакции и тоа е тоа – рече Ѓоковиќ по мечот.

Србинот беше запрашан дали во текот на мечот му поминува низ глава некоја мисла што не е поврзана со тенисот.

– Сега не ми служи сеќавањето. Што беше денес. Немав неповрзани мисли… А не, имав на почетокот. Моите деца доаѓаат денес. Мислев на нив кога ми беше тешко. Бев исцрпен и во тие моменти ми се појавија. Сега слетуваат од Белград, ќе поминат неколку дена… Добив поттик кога помислив на нив – додаде Ѓоковиќ.

На свирежите реагираше и шведската тениска легенда, Матс Виландер, аналитичарот за „Еуроспорт“:

– Ако луѓето во Париз, сакаат да гледаат неизвесен меч или понекогаш исвиркуваат некого како Новак Ѓоковиќ, а тоа е така само затоа што сакаат да гледаат повеќе тенис, тие не треба да му испраќаат свирежи, бидејќи тие само му прават „услуга“ на Новак кој станува уште подобар кога се против него. Не треба да го исвиркуваат, бидејќи тоа само му помага – рече Виландер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот