ВИДЕО: „Вие сте стока“ – наставничка од скопско основно училиште грубо ги дисциплинира учениците

Наставничка во скопско основно училиште / фото: „А1он“/принтскрин

Наставничка од основно училиште со викање и навреди се обидувала да спречи ученици да излегуваат во ходникот и да одат во други училници, објави „А1он“.

На објавената снимка се гледа како наставничката со висок тон им се обраќа на учениците: „Одма да пренесете дома, значи вие сте стока. Да не ве видам во таа училница уште еднаш. Заборавете да ве видам во ходник. Срамота. Секоја чест на тие што си седите одговорно внатре ама оваа стокава ќе ви донесе нешто“.

Снимката во скопското училиште е направена оваа недела, а родители реагирале на однесувањето на наставничката, пишува „А1он“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот