ВИДЕО: Ветер со сила што не се памети превртуваше камиони во Русија

Силен ветер во Русија / 1 октомври 2021 / фото: VK.com/принтскрин

Незапаметено силен ветер го зафати вчера рускиот регион околу градот Новоросиск, а во налетите, чија брзина надминуваше 120 километри на час, се превртуваа камиони, се корнеа дрвја и летаа покриви.

Според градоначалникот на Новоросијск, Игор Дјаченко, полесно се повредени десетина луѓе во градот и околината, главно од паднати дрвја и гранки, а градските служби и спасителите работеле цел ден за да ги санираат проблемите предизвикани од орканскиот ветер.

„Прогнозата вели дека нѐ очекува ново невреме во следните 24 часа, со ветер со брзина од 90 до 110 километри на час“, напиша тој на Инстаграм, повикувајќи ги жителите на градот на брегот на Црното Море со околу 350.000 жители, да останат во своите домови.

Забележани се и десетина случаи на превртени камиони и автобуси на патиштата во регионот, а властите ги предупредија возачите и фирмите да не користат некои патишта, за да се избегнат несреќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот