ВИДЕО | Весна Петрушевска со емотивна објава за Тоше: Не сум ти кажала сè, денес баш немам сила…Те сакам

Весна Петрушевска/Тоше Проески
Весна Петрушевска/Toше Проески

Нашиот Тоше Проески денеска ќе наполнеше 41 година.

„Во чест и сеќавање на Тоше”: Поштенска марка по повод роденденот на Тоше Проески

Тоше Проески беше еден од најголемите ѕвезди на балканската музичката сцена, но и надвор од регионот, каде што беше доживуван како заштитен знак на Македонија. Отпеа многу хитови и до ден-денес е ненадминат на македонската музичка сцена. Денес, неколку негови пријатели од естрадата споделија спомен-сеќавање со него, а една од нив е и актерката Весна Петрушевска.

Таа беше долго време водителка на популарната емисија „Вртелешка“ на која Тоше гостуваше, токму вечерта пред да отпатува за Хрватска, каде и го загуби животот кај Нова Градишка.
Весна во многу наврати го споменуваше интервјуто со голема емоција и дека Тоше Проески имаше силно темпо и кариера како за многу повозрасен пејач.

Таа го сподели видеото од емисијата во која зборува со Тоше за неговите планови и желби, а во објавата запиша:

„Денес ќе славеше 41 година… Не сум ти кажала сè, денес баш немам сила … Те сакам“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот