ВИДЕО: Верижна сообраќајка во Пенсилванија предизвикана од снежната бура

Фото Твитер

Најмалку 25 возила учествувале во сообраќајна несреќа на автопатот во источна Пенсилванија за време на снежна бура, јавува Си-Ен-Ен.

Џон Бликли, заменик-координатор за управување со итни случаи за округот Шуилкил, рече дека бројот на повредени е непознат и дека тие се пренесени во болниците. Сериозноста од повредите не е позната.

Засега нема информации за загинати. Несреќата се случила нешто по 10:30 часот по локално време, изјави Бликли. Силна снежна покривка пристигна во североисточниот дел на Соединетите држави, носејќи снежни бури кои предизвикуваат проблеми во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот