ВИДЕО: Велшаните после 64 години повторно ќе играат на Светско првенство

Велс во мундијалскиот бараж ја совлада Украина/Кардиф, Велс, Британија/5 јуни 2022/Фото: EPA-EFE/Peter Powell

Велс денеска на домашен терен во Кардиф ја совлада репрезентацијата на Украина со 1:0 (1:0) во финалето од баражот за пласман на Мундијалот во Катар.

Така, избраниците на селекторот Роберт Пејџ ги спречија Украинците, кои во полуфиналето од плеј-офот ја победија Шкотска во Глазгов со 3:1, да остварат двојна победа на Островот.

Велс по пауза од 64 години повторно ќе биде дел од Светското првенство, последен пат на големата сцена беше во 1958 година кога стигна до четвртфиналето.

Автоматски се сместени во групата „Б“ на СП 2022 заедно со Англија, САД и Иран.

Натпреварот во Кардиф беше решен во 34 минута со автоголот на Андриј Јармоленко по слободниот удар на Герет Бејл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот