ВИДЕО | Велосипедист висеше над провалија, го спаси негов конкурент

Фото: Screenshot

Голем инцидент се случи на велосипедската трка во Франција,„Etoile de Bessèges“, за среќа инцидентот не заврши со трагичен крај.

Во еден момент од трката велосипедистите дојдоа до мост на кој немаше место за сите, па дојде до судир на повеќемина учесници. Најлошо помина Валентин Ферон кој се преврте и остана на оградата да виси над длабоката провалија.

Ферон имаше среќа затоа што неговиот конкурент Аксел Лараунс го спаси да падне.

„Се обидов да направам се што можам и да го избегнам падот, но едноставно не успеав и наеднаш се најдов со рацете на ѕидот и нозете во воздух. Аксел ми помогна да се вратам на патеката и многу сум му благодарен“, изјави Ферон по трката.

Поради големиот број повредени велосипедисти во инцидентот организаторот одлучи да ја прекине трката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот