ВИДЕО | Велковски: Младите да придонесат за одржлива иднина преку зелени иновации

Трајче Велковски, професор на Машински факултет/Фото: Слободен печат

Недостигот на стручен и квалификуван кадар е голем предизвик со кој се соочува бизнис секторот, не само кај нас туку и во Европа. За таа цел до крајот на годината ќе биде отворен регионален Центар за стручно образование и обука за зелени иновации што ќе биде единствен од ваков вид во регионот.

Регионалниот Центар за извонредност во стручно образование и обука за зелени иновации ќе нуди различни услуги за различни целни групи.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со доц. д-р. Трајче Велковски од Машинскиот факултет при Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

-Станува збор за Центарот за стручно образование и обука за развој на зелени инововации. Во проектот се вклучени 18 европски партнери. Вакви центри ќе бидат отворени во Австрија, Португалија и Финска. Во Македонија е како цел на активност е земен скопскиот регион. Зелените иновации се тема која што е актуелизирано во последниот период, Тоа се типови на иновации кои го намалуваат штетното влијание на околината и во исто време оптимизирајќи ја употребата на природни ресурси, рече Велковски.

Според него целта на Центарот е да придонесе за одржлива иднина преку зелени иновации.

-Младите преку иновациите да размислуваат за проекти кои ќе придонесат за заштита на животната средина или барем да го ограничат користењето на ресурси кои загадуваат во своите иновации, смета Велковски.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот