ВИДЕО | Велјановски: Заев докажа дека приоритет му се политиките на неговата коалиција, а не здравјето и справувањето со сиромаштијата

Како пратеничка група ние ќе го поддржиме сетот на закони кои треба да се донесат како поддршка за економијата во земјава и ќе учествуваме активно во нивното донесување.

-Сметаме дека здравствениот аспект и финансиските проблеми кои што ги имаат граѓаните треба да бидат надминати, а обврска на државата е да помогне. Утре на седница се два закони од законите кои што треба да бидат донесени од петтиот пакет економски мерки. Нашата забелешка е зошто се доцни со поднесувањето на овие закони ако се има предвид дека уште на трети март Зоран Заев можеше да ги постави во Собранието затоа што Собранието имаше и мнозинство тогаш за да работи по овие закони.

Сметам дека се работи за промашени приоритети, а Заев докажа дека приоритет му се политиките на неговата коалиција, а не здравјето и справувањето со сиромаштијата во Република Македонија вели за УБ Александар Велјановски, пратеник од ВМРО – ДПМНЕ.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот