ВИДЕО: Веќе нема дилеми, Ах Ахли го промовираше Алиоски

Репрезентациите на Македонија и Украина досега се сретнале петпати/ фото: EPA-EFE/Vadim Ghirda

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски од денеска и официјално е член на тимот од Саудиска Арабија, Ал Ахли. Клубот денеска на својот официјален профил на Твитер го промовираше Алиоски како ново засилување за следната сезона.

– Здраво навивачи, семејстов на Ал Ахли, јас сум Езџан Алиоски. Денеска е специјален ден, денеска е роденден на претседателот Маџер. Г-дине Маџер среќен роденден и уживајте во денот со семејството. Исто така денеска е посебен ден за мене, возбуден сум што започнувам ново патешествие со Ал Ахли и наскоро се гледаме во Џеда – порача Алиоски во видео пораката која ја објави тимот од Саудиска Арабија.

Алиоски минатата сезона ја одигра во дресот на Лидс, но откако ми истече договорот тој си замина од премиерлигашот и беше пред потпис со турскиот гигант Галатасарај. Но, неговото доаѓање во последен момент го стопира тренерот Фатих Терим, по што македонскиот репрезентативец одлучи да потпише за Ал Ахли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот