ВИДЕО: Вечер на трипл-дабл остварувања во НБА

леброн џејмс
ЛеБрон Џејмс / EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Леброн Џејмс, Јанис Адетокумпо, Џејмс Харден и Лука Дончиќ имаа трипл-дабл учинок во натпреварите на своите екипи.

Актуелниот шампион ЛА Лејкерс со 128:97 го победи Голден Стејт вориорс во натпревар во кој доминираше Леброн Џејмс. Ѕвездата на лејкерси имаше трипл-дабл од 22 поени, 10 скокови и 11 асистенции, а имаше голема помош во Мотрез Харел и неговите 27 поени.

На Голден Стејт не му помогна ниту одличната игра на Стеф Кари кој постигна 27 поени.

Вториот тим од Лос Анџелес, клиперси како гости го совладаа Далас маверикс со 109:99.
На Далас не му помогна ниту одличната игра на Лука Дончиќ кој наптреварот го заврши со 25 поени, 10 скокови и 16 асистенции.
Во „битката за Њујорк“, Бруклин благодарение на одличната игра на Кајри Ирвинг и Џејмс Харден со 117:112 го совлада Њујорк никс. Ирвинг постигна 34 поени, додека Харден имаше трипл-дабл од 21 поен, 15 скокови и 15 асистенции.


Трипл-дабл оствари и Јанис Адетокумпо во триумфот на неговиот Милвоки над Вашингтон од 133:122. Јанис постигна 31 поен на кои им придодаде и 15 скокови и 10 асистенции.


Денвер нагетс со 121:106 ја совладаа Индијана пејсерс, а вообичаено прво име на натпреварот беше Никола Јокиќ со 32 поени, 14 скокови и пет асистенции. Одлучувачки момент за триумфот беше одличната игра во последната четвртина која кошаркарите на Денвер ја добија со 34:15 и ја забележаа шестата победа во последните седум натпревари.

Резултати:
Шарлот – Сакраменто 122:116
Вашингтон – Милвоки 122:133
Бруклин – Њујорк 117:112
Детроит – Сан Антонио 99:109
Далас – ЛА Клиперс 99:109
Денвер – Индијана 121:106
Феникс – Мемфис 122:99
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 97:128

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот