ВИДЕО | Василевска: „Златна рамка“ е ретка можност да се видат сите најнови македонски филмови

Од 25 до 27 јуни, во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) ќе се одржи третото издание на „Златна рамка“, филмската ревија на македонската продукција.

„Ревијата „Златна рамка“ се одржува трет пат и веќе се препознава како пресек на остварувањата во една календарска година, целата филмска продукција кој е поддржана од Агенцијата за филм. Нема селекција и се’ што е сработено во изминатата календарска година е на увид на јавноста како своевиден отчет и од друга страна како начин да почнеме да практикуваме да го сакаме македонскиот филм и да бидеме информирани за него, како дел од целата европска кинематографија, кон која целиме и се’ повеќе може да се каже дека сме дел од неа. Проекциите се бесплатни и првпат оваа година ќе се одржуваат на две локации, освен МКЦ каде што минатите години ревијата се одржуваше во февруари, но поради пандемијата, го поместивме во јуни, проекции ќе има и во летното кино на Кинотеката. „Златна рамка“, освен тоа што е отчет и ревија на македонски филмови е и начин да се даде поддршка и дигнитет на филмските работници, нешто што можеби со години беше изгубено. Изминатите четири години, филмовите станаа нашите најголеми културни амбасадори, речиси нема ден да не слушнеме за некој успех на некој наш филм. Но покрај тоа филмските работници имаат проблеми за кои претпоставувам ќе стане збор и на годишното собрание.

Сигурно ќе се проговори за еден апсурд кој се случи во време кога во цела Европа државите го заштитија целиот аудио визуелен сектор, бидејќи филмската фела живее од проекти, тие беа оставени сами на себе, не можеа да снимаат повеќе од една година, добија некоја симболична помош, но на два пати беше скратен буџетот на Агенцијата за филм, тоа се пари наменети за филмот, така што би било коректно да се слушне и гласот на филмаџиите. Собранието ќе се одржи во петок, во 11,30 часот во Кинотеката. Исто така, секоја практикуваме да имаме и една трибина, овојпат е на тема „Три децении независен филм во независна Македонија“, вели за Утрински брифинг, Ана Василевска, уметнички координатор на „Златна рамка’.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот