ВИДЕО: Васил Гарванлиев запеа на ЛГБТ парадата во Бугарија

Македонскиот пејач Васил Гарванлиев викендов запеа на ЛГБТ парада во Бугарија. Пред својот настап, Гарванлиев им порача на присутните дека „во музиката нема граница, нема омраза, нема политика и дека нема сексуална ориентација, но дека има љубов, енергија и дека сите сме едно“.

Во интерјувото за БГНЕС, Гарванлиев истакна дека првпат пее во Бугарија, односно дека првпат пее на геј парада.

На прашањето дали размислува да оствари дует со некој бугарски изведувач, Гарванлиев рекол: „Не само што мислам, туку и сонувам дует со бугарски артист“.

Гарванлиев притоа рекол дека веќе преговара со неколку изведувачи: „Можеме да започнеме со Викторија“, мислејќи на бугарската претставничка на Евровизија.

– Ја почитувам бугарската музика, имате прекрасна традиција, прекрасни гласови. Исто така, постојат фантастични гласови во класичната музика… – додал нашиот евровизиски претставник.

Запрашан да го коментира неговото учество на Евровизија, Гарванлиев истакнал дека неговата желба била да ја претстави Македонија во најдобро светло. Тој е горд е на својот настап и песна со што испратил силна порака.

ВИДЕО | Васил Гарванлиев за неговиот љубовен живот: Луѓето обожаваат драма, осуди ќе има без разлика на сè!

Васил Гарванлиев: Се плашев да кажам дека сум геј, но по сите закани решив да ја раскажам мојата приказна

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот