ВИДЕО | Васил Гарванлиев за неговиот љубовен живот: Луѓето обожаваат драма, осуди ќе има без разлика на сè!

Не постои човек во земјава, а веќе ниту во светот кој не слушнал за Васил Гарванлиев. Момче со широка насмевка, добра душа и уште подобро срце. Момче на кое најголем предизвик му е да сподели емотивна приказна преку неговиот глас. Токму тоа и го прави. 

Во најновотo интервју за Бекстејџ, Васил Гарванлиев зборуваше за тоа колку емотивно ја доживеа Евровизија, за неговата сексуална ориентација, неговиот љубовен статус, но и за осудите од страна на јавноста. 

– Учеството на Евровизија би го опишал со еден збор – фантастично. Желбата да ја претставам Македонија на Евровизија ми се оствари. Не ми беше разочарувачки тоа што не влегов во финале бидејќи уште пред да настапам се чувствував како победник, особено после сѐ што се случи… Досега желбата ми беше да настапам на Евровизија, но сега желбата се промени, ајде да победиме на Евровизија, изјави Васил во интервјуто за Бекстејџ.

На прашањето дали му беше тешко и колку време му требаше да признае за својата сексуална ориентација, одговори:

 – Го планирав долго време, ми беше тешко, но сепак бев спремен.  Интервјуто во коешто открив дека сум геј го направив точно пред Евровизија, затоа што токму тоа и го спомнувам во песната ‘моите ѕидови се срушени а моето срце е во ваши раце’, а за да допрам до цела публика морав да бидам 100% искрен со самиот себе.

Тој додаде:

– Не сум заљубен, сингл сум. Осуди ќе има без разлика на сѐ, луѓето сакаат драми.

Целото интервју може да го погледнете во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот