ВИДЕО: ВАР на српски начин, судијата се консултира со камерман дали имало пенал

принтскрин/инстаграм

ВАР технологијата веќе неколку години е присутна во фудбалот, но во регионот на поранешна Југославија оваа технологија дури од следната сезона ќе биде дел од одредени лиги.
На овие простори постои малку „поинаква технологија“ која им помага на судиите при спорните моменти и видеото кое се појави на социјалните мрежи е вистински хит.
Имено, се појави видео од натпревар од пониските лиги во Србија каде главниот судија се консултира со камерман за да утврди дали имало пенал.
Судијата пред да покаже на белата точка, дотрча до трибината на која беше камерманот и го праша:
Шефе дали имаше контакт тука? Можел ли да ја вратиш снимката?
На тоа судијата доби одговор од камерманот.
– Како солза , како солза е пенал.
Судијата потоа досуди пенал со образложение дека камерманот му порачал дека се гледа контакт, а оваа одлука не му се допадна на голманот на „сините“ кои го соблече дресот и го напушти теренот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ftbl.serbia (@ftbl.serbia)


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот