ВИДЕО: ВАР драма во Мадрид, Реал никако да го престигне Атлетико!

epa09188489 Real Madrid's players argue with referee Martinez Munuera (L) during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and Sevilla FC at Alfredo Di Stefano stadium in Madrid, Spain, 09 May 2021. EPA-EFE/Ballesteros

Фудбалерите на Реал Мадрид и Севиља одиграа нерешено 2:2 во натпреварот од 35 коло во најсилното шпанско првенство.

Мечот започна одлично за екипата на Зинедин Зидан, но брзо се претвори во кошмар за „кралскиот“ клуб. Карим Бензема постигна гол во 12 минута, но погодокот на Французинот го поништи ВАР, поради офсајд.

10 минути подоцна, Фернандо ѝ донесе предност на Севиља, а мадридскиот клуб успеа да израмни во 67 минута, ког Асенсио ја затресе мрежата и донесе надеж за евентуален пресврт.

Нова драма се случи во 75 минута, една голема мешаница пред голот на Реал, домаќините се одбранија, па тргнаа во контра која заврши со пенал откако голманот на гостите го фаулираше Бензема.

Но, уште еднаш реагираше ВАР технологијата, Едер Милитао играше со рака во казнетиот простор пред контрата, Реал не доби пенал, туку Севиља.

Сигурен од белата точка беше Ракитиќ, а конечниот епилог беше поставен во судиското надополнување, од голема далечина шутираше Тони Крос, Азар само малку го промени правецот на топката и заврши во мрежата.

Ла Лига, 35. коло:

Недела, резултати –

Хетафе – Еибар 0:1
Валенсија – Ваљадолид 3:0
Виљареал – Селта 2:4
Реал Мадрид – Севиља 2:2

Табела:

1. Атлетико Мадрид 77
2. Реал Мадрид 75
3. Барселона 74
4. Севиља 71
5. Реал Сосиедад 56

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот