ВИДЕО: Вандализам кај Карпалак, уништена и остранета спомен плочата на убиените македонски бранители еден ден по одбележувањето на годишнината
Само еден ден откако вчера бранителите заедно со владини делегации и претставници на семејствата на загинатите кај Карпалак ја одбележаа 23 годишнината од масакрот, денеска спомен плочата поставена во нивна чест е остранета. Ваквите вандалски чинови се честа појава по одбележуавњето на годишнината на убиените прилепски бранители за време на воениот конфликт во 2001 година Од полицијата го потврдија настанот.
Екипата врати на место што можеше pic.twitter.com/fFazcqs1RE
— Патриотско Друштво (@Patrioticlub) August 9, 2024
„Денеска (09.08.2024) во 11.05ч. во СВР Тетово пријавено е дека е оштетена спомен плочата поставена кај Карпалак во спомен на загинатите припадници на безбедносните сили во 2001 година. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од СВР Тетово.
Како и секоја година, така и вчера 23 годишнина од загинувањето на 10-те прилепски бранители кај Карпалак, се одбележа пред малата спомен-плоча поставена на банкината од автопатот Скопје – Тетово.
Бранителите по којзнае кој пат го изразија револтот што и по повеќе од две децеении од масакрот, надлежните сѐ уште не преземаат мерки да им се оддаде почит на загинатитe на достојно спомен-обележје.