1 C
Скопје

ВИДЕО: Валери Жискар Д’Естен убеден поборник за Европа

Европа беше заедничката нишка во политичкиот живот на поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’Естен. Но, неговото име е поврзано и со неуспехот на Европскиот уставен договор што произлезе од Конвенцијата за иднината на Европа со која тој претседаваше во 2001 година, јавува дописникот на МИА.

Франција и нејзините политичари денеска му оддаваат почит на поранешниот француски претседател Валери Жискар Д’Естен кој беше во Елисејската палата од 1974 до 1981 година. Тој како претседател на Франција ќе остани запаметен како млад, динамичен претседател кој ја реформира и модернизира Франција многу повеќе од неговите претходници и тие кои што го следеа. Тој им даде право на младите да гласаат на 18 години, жените да можат да отворат сметка во банките без согласност на нивните сопрузи или пак законот со кој се легализира абортусот и покрај неговите лични убедувања како католик.

Како претседател, како парламентарец во Париз, но и како европратеник во Стразбур и пред се како граѓанин, Валери Жискар Д’Естен веруваше и цел живот работеше на европското единство. Затоа има нешто неправедно што историјата особено го задржува – неуспехот на Уставниот договор што произлезе од Конвенцијата за иднината на Европа со која претседаваше во 2002 и 2003 година, со звучното фијаско на Референдум во 2005 година во неговата Франција.

Прочитајте и...  На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 310 пациенти, слободни кревети има

Овој устав беше сложен компромис меѓу стотина членови на оваа Конвенција, а особено меѓу трите големи земји од земјите од кои се роди Европската унија, Германија на Герхард Шредер, Франција на Жак Ширак и Велика Британија на Тони Блер, која секоја влечеше во спротивна насока.

Текстот на Уставот отелотворува момент на одбивање да се придвижи ЕУ напред без да знае каде оди. Тој обединува шарена коалиција на мотивации против него, се сеќаваме на „не на левицата” на Лоран Фабиус, сегашен претседател на Уставниот совет каде заседаваше со Валери Жискар Д’Естен… Некои го сметаа за премногу технократски, други премногу либерален или премногу федералени. На крајот, 55 отсто од Французите во сопствената земја на Валери Жискар Д’Естен рекоа „Не”.

Затоа според коментаторот на Франс Интер, Пјер Хаски, неправедно е да се сведе на Валери Жискар Д’Естен само на Договорот од 2005 година, бидејќи Европа е заедничката нишка на целото негово дејствување

Прочитајте и...  Нови 347 случаи на ковид-19, починати 11 пациенти, оздравени 378

Неговата промоција на ЕНА беше именувана „Европа”, во чест на раѓањето на Заедницата за јаглен и челик, ЕЗЈЧ, првиот камен на европската конструкција.

Тој, според неговите зборови во говорот на еден млад член на Националното собрание, имал „разумна вера” во Европа; разумен избор на зборови затоа што изградбата на Европа е истовремено верување и надеж, особено за генерацијата што ја доживеа Втората светска војна; но и разум, како што гледаме во светот на односите на моќта каде што мора да тежиме.

Тоа беше во 1957 година за време на дебатата за ратификување на договорот од Рим, Валери Жискар Д’Естен изрази од говорницата на Националното собрание двојно барање што е актуелно и денес, и дека Емануел Макрон може да го постави своето: тој сакаше „од една страна”, конструкција на економски субјект, а подоцна и политички, „на континентална скала; но тој исто така го потврди повикот на Франција да „размисли, просветли и можеби ја насочи оваа континентална конструкција”. Тој ќе го стори тоа откако ќе стане шеф на државата.

Прочитајте и...  Над илјада лица уапсени на протестите во Москва

Тука треба да се спомене неговото вистинско пријателство со Хелмут Шмит, германскиот министер за финансии кога Валери Жискар Д’Естен ја држеше истата позиција во Франција, а потоа стана федерален канцелар три дена пред Валери Жискар Д’Естен да влезе во Елисеј. По Де Гол и Аденауер, ВГЕ и Шмит формираа „француско-германски пар” – изразот ќе останеската палата … – што и овозможи на Европа да оди напред. Мислиме на оние што ги следеа, Митеран-Кол, Ширак-Шредер или денес, покомплексните, Макрон-Меркел.

На оваа соработка и се должи особено создавањето на Европскиот монетарен систем, претскажувајќи го еврото; или изборот на Европски парламент на општи избори, што беше голема реформа.

Минатата пролет, среде пандемија, Валери Жискар Д’Естен повторно потпиша повик од европските фигури за Европа на здравјето. Ако има една тема на која тој не се промени од почетокот до крајот тоа е Европа.

Извор:МИА

 

Почина Валери Жискар Д’Естен

Поврзани вести

Германија ја зајакнува контролата на границите

Слободен печат

САД разочарани од бугарското вето за Македонија, амбасадорката Брнз зборуваше за причините

Слободен печат

Општина Центар усвои Стратегија за меѓуетничка интеграција во образованието

Слободен печат

Португалија иако во „локдаун” ќе избира нов претседател

Слободен печат

Царовска: Со новите образовни програми да ги поттикнеме најмладите критички да размислуваат и да фатат чекор со нивните врсници во најразвиените земји

Слободен печат

ДРАМАТИЧНО ВИДЕО: Извлечени седум од 22 кинески рудари затрупани пред две недели

Слободен печат

Остави Коментар