ВИДЕО: Валенсија ја продолжи резултатската криза на Партизан во Евролигата

Валенсија им се врати на победите во Евролигата/Белград, Србија/1 декември 2022/фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Валенсија во рамките од 11 коло во Евролигата триумираа против Партизан во Белград по едно продолжение со 100:96 (21:21, 16:22, 23:21, 24:20, 16:12).

Потсетување дека член на шпанската екипа е македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој е на позајмица во рускиот клуб Уникс Казан.

Во победничките редови доминираше Жасил Риверо со 22 поени, а четири помалку имаше Џејмс Веб. На спротивната страна за српскиот состав, Матијас Лесор забележа 22 поени и 10 скокови, Кевин Пантер постигна 19, а Џејмс Нанели 15.

Валенсија која ја прекина лошата серија од три порази во низа, по петтиот триумф сезонава е на 10 место (5-6), додека Партизан го претрпе и седмиот пораз, трет по ред, за моментно 14 позиција на табелата (4-7).

Во другите мечеви од рундата: Алба Берлин – Барселона 86:88, Анадолу Ефес – Олимпијакос 82:71, Лион Вилербан-Монако 75:84 и Баскониа – Олимпиа Милано 78:62.

Табела: Фенербахче (9-1), Барселона (8-3), Монако (8-3), Реал Мадрид (7-3), Олимпијакос (7-4), Жалгирис Каунас (6-4), Анадолу Ефес (6-5), Баскониа (6-5)…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот