ВИДЕО: Вака изгледа кога чешката полиција посакува убав и мирен Божиќ

Дувачкиот оркестар во склоп на Комуналната полиција на Прага им посака среќен празник на сите  граѓани на чешката престолнина .

Додека припадниците на полицијата свират на своите инструменти во видео честитката, споделена на Фејсбук страната на полицијата, прикажани се прекрасните знаменитости од градот.

Покрај прекрасното видео во кое новогодишните декорации ја доловуваат празничната магија во Прага, полицијата објави и порака: „Комуналната полиција во Прага ви посакува убав и мирен Божиќ“.

Чешката Влада од недела ќе ги затвори неесенцијалните продавници и ќе воведе построг полициски час во обид да се запре зголемувањето на инфекциите и хоспитализациите поради коронавирусот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот