ВИДЕО: Стравични снимки од Алепо, бебиња се вадат од под урнатините, мајки со деца бегаат додека се уриваат згради

Фото: Tвитер

Сирискиот град Алепо, кој е разурнат од војна, е меѓу областите кои се најпогодени од денешните смртоносни земјотреси, кои опустошија и делови од јужна Турција.

Спасувачките тимови за итни случаи соопштија дека многу згради се оштетени или уништени и оти под урнатините има заробени луѓе.

На видео снимка објавена на социјалните мрежи, се гледаат згради кои се уриваат како кула од карти, а мајки со деца во прегратка, во паника бегаат низ улиците во Алепо.

На друга снимка пак сега гледа како човек спасува бебе извадено од под урнатините.

Во регионот живеат милиони бегалци раселени поради граѓанската војна.

Тоа е едно од местата под контрола на сириската влада, која сè уште се бори против опозициските сили. Делови од околните села се под контрола на бунтовниците.

Многу области во градот веќе беа урнати во конфликтот пред да се случи земјотресот.

Во северна Сирија досега се регистрирани повеќе од 1.000 загинати во земјотресот.

Како што јави Би-Би-Си, не е сосема јасно колку жртви има во Алепо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот