ВИДЕО | Ужасни поплави во Пакистан: Над 580 луѓе загинаа, а милиони живеат во мизерија

Пакистан поплави/ Фото AR-ZM-150822 / Newscom / Profimedia

Над 580 луѓе загинаа, а уште илјадници ги загубија своите домови како резултат на ужасните поплави во Пакистан.

Речиси милион луѓе се погодени од силните дождови кои траат од почетокот на јули, пишува „Гардијан“.

Најтешко погодени се провинциите Балуџистан, Хајбер Пахтунхва и Синд, а до петок се предвидуваат уште повеќе обилни врнежи низ Пакистан.

Од почетокот на јули, над 40 луѓе загинаа во Карачи како резултат на обилните дождови.

Уништени се над 570 училишта, а пријавени се и случаи на колера.

Главниот министер на Белуџистан, Кудус Безињо, повика за поголема поддршка од федералната влада и од меѓународните донатори.

„Никој не видел такви дождови во својот живот“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот