ВИДЕО: Ужасен слободен удар на Кристијано Роналдо против Израел!

epa03906564 Portuguese players Nelson Oliveira (L) and Cristiano Ronaldo (R) show their disappointment after the goal scored by Israel during their 2014 Soccer World Cup qualifying match held at Alvalade stadium, Lisbon, Portugal, 11 October 2013. EPA/MIGUEL A. LOPES

Португалците го играат својот последен подготвителен натпревар пред почетокот на Европското првенство вечерва во Лисабон на стадионот „Хозе Алваладе“.

Актуелниот европски шампион води со 2:0 против Израел по првото полувреме со головите на Бруно Фернандеш и Кристијано Роналдо.

За предност во 42 минута реализираше Фернандеш по одличната асистенција на Кансело. Две минути подоцна асистент беше Фернандеш, а голот за 2:0 го постигна Роналдо.

Роналдо беше во центарот на вниманието само неколку минути пред Португалците да ги реализираат своите погодоци на денешниот дуел.

Имаа слободен удар од околу 25 метри, а топката ја постави Роналдо како и обично, иако неговите слободни фрлања во претходните години беа очајни.

Роналдо не се прослави во претходните години од слободните удари, но не се откажува од намерата тој да ги изведува од натпревар во натпревар. Така беше и овој пат, но сега се посрамоти еден од најдобрите играчи во светот.

Последниот гол од слободен удар Роналдо го имаше во септември минатата година во мечот помеѓу Швајцарија и Португалија.

Што се однесува до статистиката во клубот последен пат противничката мрежа од слободен удар успеал да ја погоди во јули 2020 година против Торино, и тоа му беше единствениот гол од слободен откако во летото 2018 година се пресели од Реал Мадрид во Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот