ВИДЕО | Ужас во Танзанија: 45 лица загинаа во стампедо за време на погребот на претседателот

Фото: EPA-EFE/ANTHONY SIAME

Танзаниската полиција денеска соопшти дека 45 лица загинале во стампедо на 21 март за време на погребот на претседателот на земјата Џон Магуфули.

Стампедото се случи кога илјадници ужалени граѓани се обидоа да се пробијат на стадионот во Дар Ес Салам за да се збогуваат со нивниот поранешен водач, кој ненадејно почина на 17 март.

– Имаше многу луѓе кои сакаа да влезат на стадионот, а некои беа нетрпеливи. Тие се обидоа да влезат насилно и дојде до стампедо, при што загинаа 45 лица, изјави регионалниот полициски командант Лазаро Мамбосаса. Тој додаде дека петмина починати се од исто семејство, додека локалните медиуми јавуваат дека биле станува збор прегазени жена и четири деца.

Џон Магуфули почина на возраст од 61 година. Потпретседателката на земјата тогаш рече дека починал од срцеви проблеми во болницата Мзена во Дар ес Салам.

Магуфули, еден од најголемите скептици во Африка кога станува збор за коронавирусот, не беше виден во јавноста од 27 февруари, по што започнаа шпекулациите дека заболел од ковид-19. На 12 март, официјалните лица негираа дека е болен и истакнаа дека Магуфули продолжува да работи нормално и дека граѓаните треба да ги игнорираат гласините. Но пет дена подоцна беше соопштено дека починал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот