ВИДЕО | Ужас во Каталонија: Експлозија на контејнер со течен азот, десетици деца меѓу повредените

Фото Glòria Sánchez / ContactoPhoto / Profimedia

Осумнаесет лица, меѓу кои десет деца на возраст од три до 13 години, се повредени во експлозија на научен фестивал во градот Жирона во североисточна Шпанија.

Шпанските медиуми јавија дека во експлозијата има и тешко повредени лица.

Несреќата се случила за време на експеримент во Домот на културата во каталонскиот град Жирона, јавија локалните медиуми, цитирајќи ги властите и портпаролот на болницата.

За време на експеримент на фестивалот организиран од Универзитетот во Жирона, контејнер со течен азот експлодирал пред публика од 200 до 300 луѓе.

Насобраните не се здобиле со изгореници, но повеќето се повредени од делови од металната кофа која експлодирала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот