ВИДЕО | Ужас во Бразил: Вооружен тинејџер со нацистички симболи убил неколку луѓе во две училишта

Полиција Бразил / Фото: EPA-EFE/Jarbas Vasconcelos

Во пукање во две училишта во Бразил во напад на 16-годишен тинејџер, кој носел нацистички симболи, животот го загубија вкупно четири лица, три на местото на нападот, а една наставничката починала во болница, соопштија надлежните.

Властите во градот Аракруз, во државата Еспирито Санто, соопштија дека некои од 10-те ранети, меѓу кои тројца наставници и еден ученик, се во тешка состојба по нападот во петокот, кој ја шокираше земјата која бележи пораст на престрелките во училиштата во последните години.

„За жал, трагедијата во Аракруз сè уште не е завршена“, рече гувернерот Ренато Казагранде во саботата.

„Со длабоко жалење ја потврдуваме смртта на уште една жртва, професорката Флавија Амбос Меркон“, напиша на Твитер гувернерот, кој прогласи тридневна жалост во Еспирито Санто.

Напаѓачот е поранешен ученик на државно училиште кој прво го нападнал пукајќи во група наставници, при што убил две лица, а ранил уште други девет. Потоа отишол во блиското приватно училиште, каде убил еден и ранил уште неколку луѓе.

Тој е уапсен и ќе се соочи со обвиненија за убиство и тешко убиство во обид, соопшти полицијата на Еспирито Санта.

“Мојата ќерка секогаш беше полна со среќа и љубов. Ја изгубив ќерка ми поради омраза”, изјави за Глобоњуз, Таис Сагрило, мајка на убиеното 12-годишно девојче.

Според Истражувачкиот институт Соу да Паз, нападот е дванаесетто пукање во училиште во Бразил од 2002 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот