ВИДЕО | „Утрински брифинг“ на терен со попишувачите: Мире и Олгица воопшто не се двоумеа дали да ја отворат вратата од својот дом

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Екипата на „Утрински брифинг“ денеска, заедно со попишувачот Никола Трајковски, го посети семејстото на Мире и Олгица Ѓореви.

– Во ниту еден момент не се двоумевме дали да му ја отвориме вратата од нашиот дом на попишувачот, нема ниту едно прашање што е несоодветно, се е како што треба, кратко ни рече Олгица Ѓорева.

За Трајковски учеството во оваа голема статистичка операција која се случува еднаш на 20 години било голем предизвик. Тој без двоумење се пријавил да биде попишувач.

– Навистина е возбудливо да се биде дел од едно вакво големо истражување. Затоа без размислување се вклучив во тимот. Досега не сум се соочил со никаков проблем, освен со домашни миленици кои лаат кога влегувам во дворовите. Граѓаните ме познаваат со оглед на тоа што и јас живеам во Драчево, каде што е мојот реон за попишување. Само едно домаќинство не сакаше да биде попишано, но ние  се враќаме и по неколку пати на истата адреса во случај да не најдеме никого дома, вели Никола.

Граѓаните на кои не им се совпаѓаат адресата од лична карта со адресата на која живеат, не треба да бидат загрижени.

– Ние лицето го попишуваме на местото во кое подолго време престојува, без разлика дали таа адреса е истата од лична карта. Понекогаш на граѓаните не им е јасно зошто ги прашуваме за квадратурата на куќата или за тоа колку соби има, но не се случило да не ни одговорат на прашање, додава попишувачот Никола.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот