ВИДЕО | „Успеаја да уништат и многу поголеми од нас“: Вучиќ со пораки кон Западот на годишнината од бомбардирањето

Фото: РТС/принтскрин

Србија денеска одбележува 24 години од почетокот на НАТО-бомбардирањето на СР Југославија – федерацијата чија членка беше во 1999 година, заедно со Црна Гора. Централната манифестација се одржа попладнето во Сомбор, а на неа присуствуваа претседателот Александар Вучиќ, претседателот на Република Српска, Милорад Додик, пратеници во Парламентот, како и министри во владите на Србија и Република Српска.

Српскиот патријарх Порфириј служеше панихида за жртвите. „Ќе простиме ако можеме, ќе заборавиме само ако нѐ нема“, пушуваше на сцената, пред илјадниците присутни луѓе.

– Во Сомбор вечерва нè има убедливо најмногу. Тоа кажува нешто лошо и нешто добро. Затоа решив да не читам подготвен говор вечерва, сакам да зборувам од срце и што мислам. Пред 24 години конечно умре модерното меѓународно право. Оттогаш, ништо што се случува во светот не може да биде полошо од она што ѝ го направија на една мала земја. Тие успеаја да уништат многу поголеми земји. Денеска ги погледнав насловните страници на водечките светски списанија од тоа време, велат дека тоа е судир меѓу варварството и модерната цивилизација. Тие отидоа чекор понатаму и рекоа „ајде да одиме да ги победиме тие Срби, тие варвари, затоа што направија геноцид“. Никој никаде не рекол дека имало. Лажеа! Велите дека сте нападнале земја поради хуманитарна катастрофа. Кога видовте дека за тоа не можете да добиете одобрение од СБ на ОН, рековте зошто ни се потребни, што треба закон, што треба правда. Ние сме единствените, сами на светот – рече Вучиќ.

„Поминаа 24 години, откинавте делови од нашата територија, убивте 79 наши деца. Од каде го добивте правото да ги убивате нашите војници, нашите полицајци?! Дали Радован Медиќ отиде во Масачусетс да убие некого или вие дојдовте овде? Никогаш не сте го скршиле и нема да го скршите српскиот дух. Не сме единствените луѓе кои страдаат, страдаа и многумина околу нас. Мораме да бидеме во чекор со светот, пред малку слушајќи го говорот на Маријана, колку и да се трудев да не пуштам солза, само замислив дека треба да му кажам на нечие дете дека татко му починал. Никој не ми го помеша разумот, ми го помрачи умот, не станав предавник. Мое е да ја влечам државата низ иглични уши. Никој не зборува за мир. Зборот мир никаде не го слушаш затоа што е забранет. Никој нема да зборува за мир“, рече српскиот претседател.

„Тогаш не ја спречија хуманитарната катастрофа. Едната причина беше да покажат дека се најсилни, а другата причина беше да ни го украдат КиМ. Денес во Космет има повеќе Албанци отколку тогаш, само што има три пати помалку Срби. – Ги убивте нашите деца, но не нѐ убивте нас, овој народ ќе живее, нема да го скршите. Со нас овде вечерва се и Ромите и Бошњаците и Унгарците и припадниците на другите народи, сите оние кои ја чувствуваат оваа земја како своја“, рече Вучиќ.

„Денеска веќе не сме мали, и не сме лесен плен како во 1999 година. Мораме да растеме, да се развиваме, да го зачуваме мирот, да видиме како да го зачуваме сето она што е наше и никогаш да не го бараме она што припаѓа на другите. Како тоа уште не сте го скршиле тој мал народ? нема да биде дека не разбираме сè, разбираме подобро од било кој. Сакаме мир, нема конфликти со НАТО или со кој било. Србија не ја даваме и никогаш никому нема да ја дадеме. Нема да ви ги дадеме нашите деца, да живее Србија! Да живее Република Српска, да живее нашиот херојски Сомбор! Да живее Србија!“ – го заврши Вучиќ говорот пред собраните граѓани.

Србија и Црна Гора (кои тогаш беа дел од една држава – СР Југославија), немаат точни податоци за бројот на загинати во 78-дневното НАТО-бомбардирање на земјата. Официјално се потврдени 754 жртви, но некои проценки зборуваат за преку 2.500 загинати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот