ВИДЕО: Уште едно детенце ја победи болеста, по 9 месеци на детската клиника си замина дома

По девет месеци хемотерапија, херој на денот е петгодишниот Сухејб, кој заѕвони на ѕвоното во Клиниката за детски болести, и си замина дома.

Тој доби аплауз од целиот персонал, од министерот Венко Филипче и од директроката на Клиниката, Аспазија Софијанова.

Јас сум здрав и сакам дома!

Вака извика петгодишниот Сухејб кој после 9 месеци хемотерапија си заминува од Клиниката за детски болести. За овој херој денес аплаудиравме со директорката Аспазија Софијанова и целиот тим. Голем да растеш, Сухејб! – напиша министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот