ВИДЕО: Уште еден силен земјотрес во Иран, најмалку еден загинат во денешните потреси

Двата последователни потреси во Иран предизвикаа материјална штета, а најмалку едно лице загина
Земјотрес во Иран / 14 ноември 2021 / фото: јутјуб/принтскрин

Два силни земјотреса со интензитет од 6,3 и 6,4 степени според Рихтеровата скала го погодија јужен Иран. Земјотресите биле почувствувани и во неколку градови во провинцијата Хормозган.

Земјотресите биле почувствувани и во источниот дел на Обединети Арапски Емирати, јавуваат агенциите.

На снимките кои се појавија на интернет се гледа силината на потресите.

Најмалку еден човек загинал, а причинета е поголема материјална штета, а во погодениот регион се испратени спасувачки екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот