ВИДЕО | Уште еден шпански гигант падна во Белград: Црвена Звезда славеше против Валенсија

По кризата, Црвена Звезда почнува да личи на себе и предводени од одличниот Кампацо забележа уште една голема победа во Евролигата.
Откако падна Басконија во салата „Александар Николиќ“ беше срушена и Валенсија која црвено-белите ја совладаа со резултат 92:73. По низата лоши резултати кои дојдоа како резултат на бројните неповолни околности, кошаркарите на српскиот и регионалниот шампион со оваа победа останаа во игра за пласман во плеј-офот од Евролигата.
Клучната разлика во натпреварот „црвено-белите“ ја направија во втората четвртина, која беше доволна за конечен триумф од 92-73. Филип Петрушев со 20 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените Радебау постигна 14 поени.
Претходно денес Жалгирис Каунас направи голем чекор кон топ четири откако го совлада Монако со 79:70.
Petrusev with a monster putback dunk! 85:71 😤#kkcz #TogetherWeCan #WeAreTheTeam pic.twitter.com/v0JaWpzTkC
— KK Crvena zvezda Meridianbet (@kkcrvenazvezda) March 29, 2023