ВИДЕО | Уште еден чекор кон Скудетото: Наполи лесно против Салернитана, 90 минути за Елмас

Фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Фудбалерите на Наполи продолжија да чекорат кон титулата шампион на Италија на која чекаат уште од 1990 година.

Избраниците на Лучијано Спалети брзо ја преболеа елиминацијата од Купот на Италија против Кремонезе и вечерва беа подобри од Салернитана со 2:0.

На половина од сезоната Наполи има 50 бодови што е 12 повеќе од актуелниот шампион Милан и 13 од Интер. Треба да се знае и дека тимовите од Милано имаат по натпревар помалку. Салернитана од друга страна е на 16-то место со 18 бодови.

Стрелци на головите за Наполи денес беа Ди Лоренцо и Осимен. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра комплетните 90 минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот