ВИДЕО | Урнебесно: Мачка се дружи со чистач на прозорци, си нашла „нов пријател“

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Видео од мачка која се дружи со харизматичен чистач на прозорци, додека виси од зградата, ги воодушеви луѓето на интернет. Популарното видео покажува црно-бело маче како се обидува да го имитира човекот кој мие прозорци. Со движењата на нејзините шепи таа го привлекува неговото внимание, а тој се смее на нејзините лудории.

„Мојата мачка најде нов пријател“, гласи натписот на објавата на ТикТок.

@itsadriennelauren My cat made a new bestie 🤣🤣 i ciudlnt stop laughing 🤣🤣 #catsoftiktok #catsdoingthings #catslovers #cat #catsbeingcats #funnycats #catsfunny #funnycatsoftiktok ♬ Funny Song – Cavendish Music

„Би се оженил со него“, „Мачката е симпатична, но работникот е премногу згоден“, „Ова изгледа на добра љубовна приказна“, „Можеш ли да ја преместиш мачката за да го видиме дечкото“, се пошегуваа луѓето во коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот