ВИДЕО: Уривање на оштетена зграда од земјотресот во Турција излегува од контрола, цел објект за миг се струполува на прометна улица

Фото: Твитер

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа како механизација се обидува да урне една од оштетените згради во турскиот град Кахраманмараш лоцирана покрај булевар. Багеристот со обидува процесот на уривање да го има под контрола за да не настрада некој оти се работи за прометно место. Но во еден момент ситуација излегува од контрола и при мала активност на лопатката од багерот зградата за урива за неколку секунди.

„Во Турција „контролираното“ рушење на зграда оштетена од земјотресот, не помина најдобро“ пишува над видеото објавено на социјалната мрежа Твитер.

Повеќе од 232.000 згради се сериозно оштетени или ќе бидат урнати во областа погодена од разорните земјотреси на 6 февруари, изјави во вторникот министерот за животна средина, урбанизам и климатски промени Мурат Курум, пренесува Анадолија.

Како резултат на двата разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени во јужните турски градови, беа уништени десетици илјади згради, а голем број беа сериозно оштетени и неупотребливи без поправка.

Во меѓувреме оштетени згради од силниот земјотрес и сами се уриваат.

Во турскиот град Малатија се урна петкатна зграда која беше тешко оштетена во земјотресите на почетокот на февруари, а во турскиот град Санлиуфра пред неколку дена исто се урна зграда лоцирана покрај самиот пат.

Репортерката на Ал Џезаира јавува дека токму тој објект бил еден од тие кои бил во план да се урне оти се работело за зграда кој била многу оштетена од земјотресот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот