ВИДЕО: Ураганот Иота го погоди крајбрежје на Никарагва

Ураганот Иота го погоди копното на североисточниот брег на Никарагва, , според специјалното ажурирање на американскиот Национален центар за урагани, пренесува Си Ен Ен.

Иота, со ветрови од 249 км на час, претставува ураган на високо ниво – 4. Неговиот пристап до копно се случи во близина на градот Хоуловер, Никарагва.

Местото каде ураганот Јота го погоди брегот е околу 25 километри јужно од местото каде ураганот Ета го стаса како ураган од категорија 4 на 3 ноември.

Ураганот Иота го достигна највисокото ниво – категорија 5. По првпат во забележаната историја, колумбиските острови Сан Андрес и Провиденс страдаат од ефекти на ураган од категорија 5.

Невремето ќе донесе „катастрофални ветрови, опасни по живот бури и поројни дождови” во Централна Америка, соопшти Националниот центар за урагани.

Иота е првиот ураган од категорија 5 за оваа рекордна сезона во Атлантикот. Тој е закана за многу делови од Централна Америка кои сè уште се опоравуваат од разорните ефекти на ураганот Ета.

Ивор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот